Петровски со тројка во новата победа на Гвадалахара

Интернационалецот од Македонија во првенството на Шпанија, Дарио Петровски имаше добар настап на последната средба против Атлетико Новас, на која неговиот тим Гвадалахара  дојде до победа од 32:23.

На овој натпревар Петровски успеа да постигне три погодоци, со кои имаше придонес во победата. Покрај тоа имаше и едно исклучување заработено во 24 минута од натпреварот.

Со оваа победа тимот на Гвадалахара стигна до третиот триумф сезонава во Групата А од 2. лига на Шпанија. Новите бодови ја поставија екипата на Гвадалахара на 4. позиција со осум бодови. Исто толку има и тимот на Новас, но има послаба гол разлика.