Петровиќ во следната сезона ќе настапува за првиот тим на Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер го претстави првото засилување за новата натпреварувачка сезона 2023/24.

Во првиот тим прекомандуван ќе биде десниот бек на „двојката“ Павле Петровиќ, кој потпиша нов договор, со важност од две сезони.

23-годишниот интернационалец од БиХ се наметна со своите игри и како дел од процесот за развој од следната сезона ќе настапува за првиот тим на ,,фармацевтите”.

,,Тука сум веќе некое време и задоволен сум и од градот и од луѓето, исто така и од управата на клубот. Задоволен сум како се работи. Што се однесува до новиот договор со Еурофарм Пелистер, ова е нов предизвик во мојата кариера. Мене ми преостанува да дадам сè од себе, да се покажам во најдобро светло, да работам на себе и се надевам резултатите ќе бидат видливи. Имав неколку шанси да заиграм за Еурофарм Пелистер, но не завршија добро за мене. Но, сега е нова прилика и се надевам дека ќе се изборам за место во тимот”, изјави Петровиќ.

Десниот бек во Еурофарм Пелистер 2 пристигна во јануари, 2021 година, и веднаш се прилагоди во својот прв интернационален предизвик.

Петровиќ во својата кариера, односно пред да пристигне во Македонија, го носеше дресот на некогашниот суперлигаш од БиХ, Локомотива Брчко.