Петриќ го најави дуелот од Лига Европа: Со Рајн Некар „ќе се тепаме“ до крај

Уште на почетокот од сезоната Вардар ќе има тежок испит, и во квалификациите во Лига Европа ќе игра со поранешниот германски првак Рајн Некар. Победникот од тој дуел ќе игра во групната фаза, а скопјани се во улога на аутсајдери.

Но новиот лев бек на „црвено-црните“ Стефан Петриќ најави дека Вардар има тактика со која ќе се справи со Германците. Тие имаат предност, но во спортот се е можно.

„Тоа ќе биде тежок предизвик, и Рајн Некар е најтешкиот противник што можевме воопшто да го добиеме при ждрепката. Но, ќе се „тепаме со нив“ ќе се мечуваме, па кој победи.. вели Стефан Петриќ во интервјуто за 24Ракомет.

Тој е син на прославениот српски десен бек Владимир Петриќ кој играше во Вардар и во 2016 година ја заврши кариерата, па немаше можност да биде дел од шампионскиот тим на „црвено-црните“. Неговиот син игра на спротивната страна на левата бековска позиција.

„Немам притисок бидејќи сум син на Владимир. Сакам да го работат тоа што тој го правеше со лева, јас да го правам со десната рака, вели Стефан Петриќ.

Целото видео интервју на Стефан Петриќ за 24Ракомет ТВ за време на подготвките во Маврово можете да го погледнете.