Петка за Костески, Холабрун поразен во финишот

Тимот на Холабрун, каде што настапува македонскиот двоец Никола Костески и Влатко Митков, загуби во последниот натпревар од Втората лига на Австрија.

Холабрун беше поразен од Корнебург минимално, 25-26, откако прими погодок во завршните моменти.

Десното крило Костески беше втор стрелец во екипата со пет погодоци, а Митков беше во ростерот, но не играше.

Следниот натпревар Холабрун го игра на гостински терен кај Леобен.