Переира: Ќе се бориме со Македонија за првото место во групата

Maкедонската репрезентација имаше поволен ждреб во квалификациите за Европското првенство во 2024, наши противници во групата ќе бидат Португалија, Турција и Луксембург.

Португалскиот селектор Пауло Переира истакна дека очекува борба со нашата репрезентација за првото место во групата.

„Добивме група во која теоретски треба да се бориме за првото место. Македонија е силен тим, а останатите се под нивото на нашата репрезентација. Нашата прва цел ќе биде да се пласираме на ЕП, а втората да завршиме први во групата. Денес сите знаат да играат ракомет и стануваат се подобри, иако не играат на завршницата на големите натпреварувања. Мораме да бидеме претпазливи и да покажеме респект кон сите“, изјави Паоло Переира.

Квалификациите за Европското првенство започнуваат во октомври, а Македонија ќе ги отвори против Луксембург дома.

Македонија стартува дома со Луксембург, двомечот со Португалија во март догодина!