Ракометарките на Пелистер 2012 ја забележаа четвртата победа оваа сезона во Женската лига.
Во Битола беше совладана екипата на Овче Поле СУ со 24-19, а домаќинките водеа и на полувреме со 12-7.
Пелистер во вториот дел се одлепи на плус седум, 15-8 и до крајот само рутински ја задржа предноста за конечен триумф.
Во победничкиот тим по четири гола постигнаа Белевска, Јанкуловска, Милосављевиќ и Босиловска, додека кај Овче Поле СУ, Сентовска беше стрелец на пет погодоци.