Пелистер почна одлично, но ѓорчепетровки беа убедливи за нова победа

Ракометарките на Ѓорче Петров ја оправдаа улогата на фаворити на гостувањето во Битола и дојдоа до победа од 36:20 против составот на Пелистер.

Тимот од Скопје главно немаше никакви проблеми за да дојде до победата. Домашните имаа контрола само во првите минути од средбата кога имаа 3:0. Водеа и со 4:2, а потоа следуваа 3:0 за гостинките за прво водство од 5:4.

Откако Пелистер успеа да израмни на 5:5 и да поведе со 6:5 и подоцна со 7:6 следуваа четири гола од ѓорчепетровки кои до крајот на првото полувреме доминираа и успеаја да направат плус осум пред заминување на одморот, 16:8.

Оваа предност беше сосема доволна за помирна игра во второто полувреме од натпреварот кога гостинките продолжија да доминираа и да ја зголемуваа предноста. И вториот дел го добија со осум гола разлика, па на крајот резулттот беше 36:20 што беше и повеќе од доволно за нови три бода.

ПЕЛИСТЕР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ       20:36 (8:16)

Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.

ПЕЛИСТЕР: Тодоровска, Богоевска, Лазаревска, Дамјановска 1, Јанкуловска 2, Наумовска 2, Николоска, Босиловска 3, Рујановска 7, Милосављевиќ, Гроздановска, Етемовска 2, Дишковска 3

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 4 мин.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Антиќ, Кицеска, Трпеска, Петровска 2, Стојановска 2, А. Велкова 2, Ѓорѓиевска 4, Василева 3, Попова, Белевска 3, Коларовска 3, Јанкуловска 3, И. Велкова, Цветановска 3, Николовска 6, Николиќ 5

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 16 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ14121137
2КУМАНОВО14101331
3ЧАИР14100430
4ВАРДАР1481525
5ПЕЛИСТЕР 20121442814
6СТРУЖАНКА1411124
7ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1411124