Пекол за Вардар во февруари

Ракометарите на Вардар ги чека напорна пролетна полусезона, во која покрај оние натпревари што се на распоред, ќе мора да ги одиграат и заостанатите од есенскиот дел во Лигата на шампионите.

Особено тежок ќе биде февруари, во кој избраниците на Стевче Алушовски ќе мора да одиграат дури десет средби, од кои повеќето на гостински терен и во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите.

ЕХф ги одреди термини и термините за заостанатите средби од ЛШ (останува да биде потврден уште терминот за средбата со ПСЖ во Скопје).

Вардар стартува на 1 февруари со меч против Нексе дома во СЕХА, а потоа го чекаат пет врзани гостувања (во ЛШ кај Порто, ПСЖ, Фленсбург и ПИК Сегед и плус кај Мотор во СЕХА).

Подготовките за пролетниот дел од сезоната вардарци ќе ги стартуваат на 11 јануари 2021 година, но преполовени поради отсуствата на ракометарите што ќе играат за репрезентациите на СП во Египет.

01.фев 00:00 Вардар Нексе СЕХА лига, 2 коло
04.фев 20:45 Порто Вардар Лига на шампиони, 9 коло
09.фев 18:45 ПСЖ Вардар Лига на шампиони, 6 коло
11.фев 00:00 Фленсбург Вардар Лига на шампиони, 11 коло
13.фев 00:00 Мотор Запорожје Вардар СЕХА лига, 1 коло
14.фев 18:00 ПИК Сегед Вардар Лига на шампиони, 3 коло
17.фев 00:00 Вардар ПИК Сегед Лига на шампиони, 12 коло
21.фев 18:00 Вардар Елверум Лига на шампиони, 2 коло
24.фев 00:00 Елверум Вардар Лига на шампиони, 13 коло
28.фев 00:00 Војводина Вардар СЕХА лига, 3 коло