Пасквал го спрема тимот за наредната сезона – на мета Бохан и Кашпарек!

Чешкиот десен бек Станислав Кашпарек и белорускиот играч Вјачеслав Бохан ќе бидат дел од тимот на Динамо Букурешт за сезоната 2022/2023, според информациите на „Handball-Planet“.

Кашпарек беше дел од Мешков Брест до моментот кога дојде суспензијата за руските и белоруските сезона. По суспензијата се врати во ПИК Сегед каде што настапуваше и помеѓу 2018 и 2021 година.

Бохан беше член на Мотор Запорожје кој сезоната не можеше да ја заврши поради состојбата во Украина.

Двајцата ракометари сигурно би биле сериозни засилувања за составот на Чави Пасквал доколку дојде до реализација. Во овој момент во првенството Динамо е лидер со девет бода повеќе од Стеауа.