Партизан и Преспа не го одиграа дуелот, ресенци и вторпат не отпатуваа во Гевгелија

Натпреварот меѓу Партизан и Преспа кој првично требаше да се одигра во саботата, а потоа беше презакажан за синоќа одново не беше одигран. Причината иста. Гостите не допатува така што најверојатно ќе мора победникот да биде одлучен на „зелената маса“.

Во саботата домаќинот бил извесетен во последен момент дека гостите нема да допатуват на натпреарот, па истиот не беше одигран, но средбата доби нов термин. Синоќа имаше можност дуелот да биде одигран така што сè требаше да биде решено на теренот.

Сепак, гостите и овој пат не отпатуваа за Гевгелија, а во известувањето до домаќинот било наведено дека поради проблеми со играчкиот кадат Преспа не е во можност да го одигра дуелот од 5. коло од Групата А во Првата машка лига.

И во записникот од вчерашната средба имаше само еден тим односно домашните исто како и во саботата така што тешко дека би имало веќе и трета шанса. За оваа ситуација правилата се јасни и тука би требало да следува резултат од 10:0 во корист на Партизан, а Преспа да добие минус еден поен на бодовното салдо. Доколку и на следните дуели тимот од Ресен е игра тогаш ќе мора да биде исфрлен од лигата што значи дека Групата А би останала со само осум екипи, па во секое коло би имало по две слободни екипи бидејќи сега се непарен број на тимови.