Панчев ги омаловажи титулите на Вардар: Ма кој гледа ракомет…!

Легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев, кој своевремено додека беше член на Црвена Ѕвезда беше и „Златна Копачка“ во Европа, а потекнува од „црвено-црното“ семејство,  за српските медиуми даде интересна изјава кога се во прашање европските титули на Вардар.

Тој вели дека тие немаат голема вредност, бидејќи ракометот не може да се споредува со фудбалот.

„Да го споредувате ракометот со фудбалот е исто како да споредувате професор од средно школо во Скопје со Ајнштајн. Па кој гледа ракомет во Европа? Македонците се желни за успех – ако играме европско финале во куглање и да имаме голема сала, таа би била полна. Но кога сте виделе во школски двор да се соберат десетина деца и да играат ракомет?! Денеска не играат ништо, можеби понекогаш фудбал или кошарка“, изјави Панчев.

Ваквата изјава сигурно ќе привлече големо внимание кај ракометните вљубеници во нашата земја.

Вардар два пати беше шампион на Европа во 2017 и во 2019 година.