Паника во Бундес тимот, најмалку тројца позитивни после ЕХФ неделата

Откако голманот на репрезентацијата на Германија, Јоханес Битер беше позитивен после враќањето од дуелот против Естонија уште во неделата, уште најмалку двајца репрезентативци на Германија се позитивни на Ковид 19.

На листата на позитивни се најдоа и Јури Кнор од тимот на Минден и Маријан Михалчик од Мелзунген. Покрај тоа постои сомнеж за уште еден позитивен ракометар во редовите на Мелзунген.

Поради ова веќе е одложен еден натпревар односно дуелот меѓу Минден и Бергишер така што ништо не се препушта на случајот.

Штутгарт вчера го одигра својот натпревар, но таму ситуацијата беше поедноставна бидејќи Битер уште при враќањето од Естонија знаеше дека е позитивен и немаше контакт со колегите.