„Паличка ја ’сруши’ Ајфеловата кула, Карабатиќ е ’мало дете’ за Готфридсон“ (ФОТО)

Шведска ја совлада Франција во полуфиналето од Европското првенство со 34-33 во драматичен натпревар полн со пресврти.

Исто како и пред една година во Египет, скандинавската селекција ги исфрли Французите од битката за злато.

Шведскиот ракометен портал „Handbollskanalen“ се пошегува на сметка на триумфот над „експертите“ и ја реобјави фотографијата од пред една година, кога Паличка со одлична партија ја отпиша Франција на Мундијалот

Тој е претставен како ја „руши“ Ајфеловата кула, откако ја повтори партијата и на ЕП. Покрај Паличка, лидер на Шведска беше и средниот бек Џим Готфридсон, а на фотографијата Никола Карабатиќ е претставен како „мало дете“ во споредба со Швеѓанецот.