Падна првиот отказ во ПСЖ, од денеска шампионот на Франција има нов директор

Неостварувањето на планот за титула на Ф4 турнирот во Келн, во тимот на ПСЖ дојде до првата промена, а има уште неколку кои се во најава.

Денеска дојде до првата смена, а Бруно Мартини повеќе не е директор на екипата. Иако најавите беа дека ова ќе се случи на крајот од сезоната, сепак, одлуката беше да не се чека и веднаш раководството му се заблагодарило на Мартини.

Целта која била поставена пред Мартини тој не успеал да ја исполни, па оттаму следуваше брз отказ. Јавно е познато дека ПСЖ располага со буџет околу 20 милиони евра по сезона, но никако не може до посакуваниот трофеј.

Новиот избор за директор е Тиери Омејер, па тој треба да донесе освежување во екипата и да се обиде да го надомести она што недостигаше досега. Од него се очекува да ги постави работите во клубот кон освојување на трофејот во Лигата на шампионите.