Павел Атман се враќа во репрезентацијата на Русија

Вчера Русија го одржа својот прв тренинг како дел од тренинг кампот во Новогорск.

Во ростерот имаше промени од првичниот список и на местото на Радомир Врачевич  повикан е Николај Емелијаненко, а во репрезентацијата се враќа и Павел Атман.

СОСТАВ НА РУСИЈА: Андреј Вершчагин, Артем Грушко, Виктор Киреев, Роман Остшенко, Игор Сорока, Павел Андреев, Александар Ермаков, Николај Емилијаненко, Димитриј Корнев, Данил Шишкарев, Алексеј Фокин, Евгениј Џемин, Димитриј Санталов, Денис Афонин, Павел Атман, Валентин Воробјов, Андреј Бељаев, Никита Каменев, Александар Котов, Сергеј Иванов, Димитриј Киселев.

Поради санкциите од ЕХФ Русија нема да одигра натпревар, а собирот ќе биде со цел селекторот подобро да се подготви за наредните натпревари.