Ојлески: Македонија не е аутсајдер на ЕП!

Еден од поискусните ракометари во националниот тим е левото крило на Еурофарм Пелистер, Гоце Ојлески.

Стружанецот се враќа во националниот тим по пауза од четири години, откако последен пат беше дел од репрезентацијата на СП во Франција во 2017 година.

„Во разговор со селекторот Кирил Лазаров поради моето искуство одлучивме да се приклучам на овој собир, но тоа не значи дека ќе учествувам на ЕП. Имаме подготовки и контролни натпревари кои може да донесат секакви несакани ситуации и затоа јас сум тука и колку што можам ќе им помогнам на помладите“, вели Ојлески.

Левото крило смета дека Македонија не е аутсајдер на ЕП.

„Во првата фаза од припремите ќе целиме кон подигнување на физичката подготвеност, па затоа и контролните натпревари ќе ни бидат добредојдени. Тие натпревари ќе ни дадат една слика за ЕП. Нема да бидеме аутсајдари на ЕП, имаме многу искусни играчи. Со овој состав можеме да се натпреваруваме со сите селекции“, заврши Ојлески.

Македонија ќе игра во Дебрецин во групата А и ќе се соочи со селекциите на Данска, Словенија и Црна Гора.

Лазаров: Веруваме во убави работи, но стоиме цврство на земја и знаеме што не чека!

Дополнителен повик за уште еден пивотмен – на подготовки со 25 ракометари!

Селекторот Лазаров за играчот Лазаров: Би бил најсреќен да не го користам, ама…

Томовски: Со нова енергија и нов селектор, верувам дека ЕП ќе биде позитивно за нас

Со стари и нови сили кон нови победи – следува тежок испит (ФОТОГАЛЕРИЈА)