Охриѓани тргнаа со подготовки, закажани пријателски средби со Ловќен, Будва, Пеќ…

Второпласираниот тим во македонската Суперлига – Охрид, ги започна подготовките за пролетната полусезона.

Тие за избраниците на Раде Стојановиќ ќе се одвиваат во три фази. Првиот дел ќе го одработат во Охрид, вториот ќе се одвива во Будва од 2 до 10 февруари, а третиот повторно ќе биде на домашен терен.

Во Црна Гора, охриѓани ќе одиграат контролни средби со Цетиње, Будва и Тиват, потоа Охрид ќе биде домаќин на Пеќ, а ќе одигра дуели со екипи и од Суперлигата.

Ново име во клубот е десниот бек Филип Николов, кој доаѓа од Радовиш, на местото на Дејан Ѓошевски.