ОХРИД 2023: Познати цените на билетите – гледајте 16 натпревари за 500 денари

Од 23 до 26 август во организација на ракометниот клуб Охрид, а под покровителство на Општина Охрид, ќе се одржи второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“.

Покрај домаќинот ќе играат уште три екипи од Македонија – шампионот Еурофарм Пелистер, Голден Арт и Бутел Скопје.

Од странство доаѓаат квалитетни екипи што играле во Лигата на шампионите и во регионалната СЕХА лига.

Распоредот е веќе познат, ќе се игра четири дена по четири натпревари. Претпладневните термини се 11:00 и 13:15 часот, додека вечерните се 18:00 и 20:15 часот.

Билет за еден натпревар чини 100 денари, а блок карти за целиот турнир 500 денари. Истите ќе можат да се купат од понеделник, 21 август на билетарницата при спортската сала „Билјанини извори“.