Охрид со победа против Тиквеш во Кавадарци

Екипата на Охрид забележа нова победа во тест натпреварите пред почетокот на новата сезона.

Охриѓани беа подобри од Тиквеш со два гола, 25:23. Избраниците на Раде Стојановиќ со пресврт во вториот дел ја добија средбата, откако по првото полувреме кавадарчани водеа со 15-9.

Контролната средба послужи за поголеми ротации кај двете екипи и проверка на новите засилувања.

Следниот контролен натпревар за екипата на Охрид е против ГА КЛ7. Ракометарите на Тиквеш ќе учествуваат на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ кој ќе се одржи од 31 август до 2 септември во Прилеп.