Охрид со комбиниран тим против Вардар, ќе се подготвува за мечот на сезоната против Тиквеш

Стручниот штаб на Охрид одлучи денеска да настапи со комбиниран состав на мечот со Вардар од 9 од суперлигашкиот плеј-оф.

Првотимците ќе се подготуваат за најважниот натпревар сезонава за нив, дуелот со Тиквеш, што е на програмата в сабота од 18:00 часот.

Охриѓани во моментов се на петтата позиција со 9 бода, додека Тиквеш има 11 на четвртото место.

Со победа в сабота и три бода, Охрид ќе остане во конкуренција за место во европските купови.

Натпреварот меѓу Вардар и Охрид се игра денеска од 16:30 часот во СЦ „Јане Сандански“, додека мечот в сабота против Тиквеш, охриѓани го играат во СРЦ „Билјанини Извори“ од 18:00 часот.