Охрид по европски терк – како изгледа новата соблекувална на „гладијаторите“ (ФОТО)

Амбициозниот тим на Охрид на социјалните мрежи се пофали со новиот европски изглед на соблекувалната во СРЦ „Билјанини Извори“.

Охриѓани добија соблекувална по европски терк, и се надеваат дека ќе се радуваат на многу успеси во иднина во неа.

Охрид обезбеди место во разигрувањето за титулата во суперлигашкото друштво, но ќе стартува без бодови.

Од составот заминаа Тоше Ончев, Стефан Бошкоски, како и Халил Озтурк, додека дојдоа четири засилувања.

Станува збор за бековите Стефан Дрогришки, Абдерахим Будрали и Ерај Каракоч, како и крилото Гал Цирар.