Охрид останува без пикерот: Игор Чагаљ се сели во швајцарски Базел

Тимот на Охрид ќе мора да бара нов кружен напаѓач за следната сезона, откако остана без српскиот интернационалец Игор Чагаљ.

Поранешниот младински репрезентативец на Србија остави одличен впечаток и си обезбеди трансфер во швајцарскиот тим Базел.

Охриѓани на линијата од шест метри ги имаат уште Иван Тасески и младиот Кристијан Димитриески.

Чагаљ претходно беше дел од Пролетер Зрењанин, Војводина, словенечкиот Марибор, како и во бундеслигашот Гумерсбах, а пред да се пресели во Охрид играше за Металопластика Шабац.