Охрид и понатаму доминира во „езерското дерби“

Во натпревар кој требаше да биде „езерско дерби“ Охрид и Струга одиграа според очекувањата, но без поголема неизвесност откако домашните ја оправдаа улогата на фаворити и дојдоа до победа од 31:24.

Откако беше објавено дека на овој натпревар нема да има публика беше јасно дека нема да ја има онаа атмосфера која вообичаено знаат да ја направат навивачките групи на двете екипи. Охрид имаше предност од стартот, а во првото полувреме екипата на Охрид ја направи решавачката предност.

На крајот на првото полувреме резултатот беше 15:10 и овие пет гола беше јасно дека нема да има поголем проблем за да се дојде до триумф. Во вториот дел тимот на Струга се доближи на четири гола, но при секое намалување Охрид се враќаше, па квалитетот дојде до израз.

Овој пораз нема влијание на стружани бидејќи загубија од тим кој оди во плеј-оф и овој натпревар нема да се смета во пренесувањето на бодовите. Сепак, беше добредојден за да може да се влезе колку е можно подобро во плеј-аут лигата.

Охрид, пак, само покажа дека полека ја крева формата пред стартот на главниот дел од сезоната.

ОХРИД – СТРУГА            31:24 (15:10)

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.

ОХРИД: Брауновиќ, Даниловски, Андоноски 1, Кривокапиќ 1, Блажески 9, Костов 3, Николов, Цителишвили 1, Соколов 1, Таески, Манасков 2, Ивновски 4, Ристески 4, Димитриески, Анастасовски 2, Тот 3.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 4 мин.

СТРУГА: Стојаноски, Мечкароски, Маркоски 2, Кузманоски7, Крстаноски 1, Донев, Белистојановски, Јанкулоски 1, Димитријески, Рајатоски 4, Ферукоски, Костоски 2, Симоноски, Трајкоски 2, Новаковиќ 2, Мекиќ 3

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 4 мин.