Охрид и Еурофарм Пелистер 2 по вторпат одиграа без победник

Двата суперлигаши Охрид и Еурофарм Пелистер 2, кои вториот дел од базичните подготовки го одработуваат во Маврово, го одиграа вториот пријателски натпревар, кој заврши без победник, 28:28 (12:12).

И на првиот контролен натпревар, кој беше одигран на 13 август, резултатот беше нерешен, 25:25. Горан Андоновски и Александар Јовиќ, како на првиот, така и на вториот контролен дуел, шанса им дадоа на сите ракометари, па така резултатот беше во втор план.

Покрај настапите во Суперлигата и во Купот на Македонија, младите битолчани ќе бидат дел и од Лига на Европа каде ќе се соочат со австриската екипа Алпла Хард.

Охриѓани изминатата сезона не изборија место на европска сцена, па во новата сезона ќе играат само во домашниот шампионат и во Купот на Македонија.