Охрид договори пикер – доаѓа српски двометраш!

Тимот на Охрид покрај интернационалците од Црна Гора и Хрватска, ќе има и еден од Србија за следната сезона.

Станува збор за кружниот напаѓа Игор Чагаљ (201 цм,117 кг) кој доаѓа од редовите на сехалигашот Металопластика.

Поранешниот младински репрезентативец на Србија претходно беше дел од Пролетер Зрењанин, Војводина, словенечкиот Марибор, како и во бундеслигашот Гумерсбах.

Тој ќе биде замената за Кристијан Атанасовски кој замина во Франција и ќе комлетира трио со Тасески и Димитриески на линијата од шест метри.

Охриѓани ќе стартуваат со подготовки за новата сезона на 27 јули и ќе настапат на Струшкиот турнир.