Охрид го склопува играчкиот мозаик – продолжени договорите со тројца ракометари!

Тимот на Охрид и во следната сезона ќе смета на услугите на тројцата интернационалци што играа и оваа сезона во составот на Раде Стојановиќ.

Црногорците Јагош Брауновиќ и Филип Кривокапиќ, како и Хрватот Денис Тот се обврзаа на едногодишна верност со охридскиот тим.

За Брауновиќ следната сезона ќе биде трета во тимот на Охрид, додека Кривокапиќ и  Тот втора година ќе бидат дел од Охрид.

Претходно тимот го продолжи договорот со тренерот Раде Стојановиќ, а во тимот нема да биде само пивотменот Кристијан Анастасовски, кој направи трансфер во француски Анже.