Охрид го задржа капитенот, потпиша на една година (ФОТО)

Екипата на Охрид полека го формира ростерот за новата сезона, а како што движат работите најголемиот дел од ракометарите ќе ја продолжат соработката и ќе продолжат да го носат дресот на клубот.

Капитенот, Крсте Андоновски останува дел од Охрид, а тој потпиша договор до летото во 2022 година.

Ова значи дека Охрид останува со ист капитен и во новата сезона. Инаку, Андоновски е играч кој потекнува од овој клуб и кој ги мина младинските тимови пред да дојде до сениорската екипа каде што е стандарден веќе неколку сезони.