Охрид бара рехабилитација со Прилеп, Еурофарм Пелистер 2 на гости кај Пролет

Во второто коло од суперлигашката конкуренција најинтересно се очекува да биде на мечот меѓу Пролет и Еурофарм Пелистер 2.

Младите битолчани лани два пати триумфираа над Пролет, кој сега засилен ќе бара одмазда и триумф над директен ривал за место во плеј-офот.

Охрид по стартниот пораз од Бутел Скопје ги бара првите бодови против Прилеп, додека Алкалоид оди по втор триумф кај Куманово на гостински терен.

Во Кавадарци, Тиквеш брка први суперлигашки бодови против Радовиш, додека интересно се очекува да биде и на градскиот двобој меѓу Скопје и Јуниор КВ.

Поради натпреварот од Суперкупот, Вардар и Еурофарм Пелистер своите натпревари ќе ги одиграат во текот на следната недела.

Суперлига, 2 коло, група А:

10/9, 16:30, Куманово – Алкалоид 
10/9, 18:00, Струга – Вардар Неготино
10/9, 19:30, Охрид – Прилеп
14/9, 16:30, Вардар – Бутел Скопје

Суперлига, 2 коло, група Б:

10/9, 18:30, Пролет – Еурофарм Пелистер 2
10/9, 19:00, Тиквеш – Радовиш
11/9, 17:30, Скопје – Јуниор КВ
14/9, 17:00, Еурофарм Пелистер – Голден Арт