ОФИЦИЈАЛНО: Цветковски се врати во Пролет

Како што најави 24Ракомет пред два дена, Јане Цветковски е најновото засилување на тимот на Пролет за клучниот дел од сезоната, во која искусниот голман ќе биде од помош во остварување на зацртаните цели – пласман во европските купови.

Цветковски во изминатиот период тренираше со Пролет, по што беше постигнат договор тој да потпише договор до крајот на сезонава, со можност за продолжување на соработката и за сезоната 2021/22.

Овој трансфер всушност претставува враќање на Цветковски во Пролет, со оглед на фактот дека овој голман го бранеше голот на клубот до 2014 година, по што почна интернационална кариера.

Во изминатиот период настапуваше за Тополчани во Словачка, потоа за Босна во БиХ, за шведските Хелсинборг и Иштад, по што беше дел и од Вецлар во Германија и од Егер во шампионатот на Унгарија.