ОФИЦИЈАЛНО: Македонија е прва резерва, ако некој се откаже оди на Мундијалот

Женската сениорска репрезентација на Македонија и официјално е прва резерва за Светското првенство во Шпанија.

Ова беше познато и претходно, но сега е веќе официјализирано така што се знае кој оди на Мундијалот доколку се откаже некоја од земјите кои треба да учествуваат на шампионатот.

Македонија според рејтингот кој го има се најде на првото место на листата, а на списокот се уште две селекции од Европа. Позицијата број 2 е за Швајцарија, додека Турција е трета на листата на резерви за шампионатот кој почнува на 1 декември во Шпанија.

Како што е познато Македонија е еден од домаќините на Европското првенство следната година заедно со Словенија и Црна Гора. Доколку добие можност за настап тоа ќе биде одлично за девојките бидејќи ќе имаат шанса за да настапат на големо натпреварување и да добијат искуство плус.