ОФИЦИЈАЛНО: Битолчани го добија Еурофарм Пелистер (ФОТО)

После извесно време во кое Еурофарм Работник и Пелистер имаа постапка за фузирање конечно веќе е решена целата ситуација и битолчани го добија тимот Еурофарм Пелистер кој ќе продолжи да се натпреварува под ова име во вториот дел од сезоната и во СЕХА лигата и во домашното првенство.

Документацијата е комплетирана и добиено е решение кое беше објавено на Фејсбук профилот на РК Еурофарм Пелистер така што сега останува само да се смени името во натпреварувањата каде што учествува овој клуб.

Напролет Еурофарм Пелистер го очекува дуел во осминафиналето на СЕХА против тимот на Нексе, а доколку успее да го помине ќе се соочи со Вардар во четврт-финалето. Покрај тоа ќе игра и во плеј-офот во Супер машката лига, но и во Купот на Македонија.