Официјализиран ѕвезден секстет во Колстад, новиот тим на Сагосен со буџет од 6 милиони евра!

Денеска на прес конференција во норвешкиот град Трондхајм беа официјализирани шест засилување за тимот на Колстад.

Најзвучното од нив, Сандер Сагосен ќе му се придружи на тимот во 2023 година заедно со десниот бек Магнус Род, додека четворица играчи ќе дојдат во летото 2022 година.

Станува збор за голманот Торбјорн Бергеруд од данскиот ГОГ Гудме, десното крило Сигвалди Гудјонсен од Келце, пикерот Магнус Гулеруд од Магдебург и средниот бек Јанус Смарасон од Гепинген.

Целта на Колстад е да биде шампион на Норвешка во следната сезона и да обезбеди место во ЛШ, директно или преку вајлд-карта, пред да дојде Сагосен.

Буџетот на клубот во 2023 година би требало да биде најмалку 6.000.000 евра.