Осуден е за кривично дело, ама пак се кандидира за претседател на Азиската федерација

Според објавите на германскиот Твитер профил „Sport and Politics“, Меѓународниот олимписки комитет испратил писмо до претседателот на ИХФ Хасан Мустафа предупредувајќи го дека кандидатот за претседател и актуелен претседател на Азиската ракометна федерација има кривично дело.

Шеикот Ахмад Ал Фахад Ал Сабах е претседател на Азиската федерација од 1992 година. Во писмото МОК директно го предупредува Мустафа дека повторниот избор на шеикот ќе има негативно влијание. Ал Сабах после пресудата дека е виновен во септември беше отстранет од сите позиции во олимписките организации.

И покрај тоа Ахмад Ал Фахад Ал Сабах повторно беше избран за претседател на Азиската ракометна федерација. Но реакциите за изброт на шеикот не застанаа тука, покрај МОК се огласи и федерацијата на Кувајт.

Ракометаната федерација на Кувајт исто така испрати официјално писмо до Хасан Мустафа во кое ја нагласи намерата да го оспори назначувањето на Ал Сабах за претседател на Азиската федерација.