Остроушко се „заканува“ пред ЕП: Украина не е аутсајдер!

Еден од противниците на македонската репрезентација на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка, ќе биде селекцијата на Украина, која по десет годишна апстиненција се враќа на континентален собир.

Левиот бек на Еурофарм Работник, Владислав Остроушко, игра во одлична форма сезонава, најдобар стрелец е во Лигата на шампионите и ќе биде голема опасност по македонскиот гол. Тој смета дека Украина не е аутсајдер, како што многумина сметаат.

„Украина не е аутсајдер на ЕП. Ние ќе се бориме за место во главната рунда. Не гледаат како аутсајдери, но јас не се согласувам со тоа. Имаме шанса и подготвени сме да покажеме добар ракомет“, вели Остроушко.

Украина ќе биде прв ривал на Македонија на ЕП на 10 јануари, на 12 играме со Чешка, а групната фаза ќе ја завршиме со натпревар против домаќинот Австрија.