Освои титула со Келце, сега ќе се бори за втора токму против полскиот тим!

Пред финалето на Лигата на шампионите меѓу Магдебург и Келце, интересен податок е дека досега само двајца ракометари од германскиот тим славеле во Келн.

Станува збор за голманот Никола Портнер кој освои титула со францускиот Монпелје во 2018 година, како и левиот бек Пјотр Храпковски, кој се искачи на европскиот трон со полскиот Келце во 2016 година.

Храпковски од 2017 година е член на бундеслигашот и по шест сезони ќе си замине ова лето.

Има шанса тоа да го направи со стил, односно со титула во Лигата на шампионите, токму против тимот со кој веќе еднаш се искачи на врвот.

Финалето меѓу Магдебург и Келце се игра денеска од 18:00 часот во „Ланксес Арена“ во Келн, додека во битката за трето место ќе играат Барселона и ПСЖ.