Освои бронза на ЕП, па си обезбеди трансфер

Левото крило Душан Шмигиќ е нов ракометар на амбициозниот српски тим Црвена Ѕвезда пред стартот на новата сезона.

19-годишниот Шмигиќ игра на левата крилна позоција, а неодамна со младинската репрезентација на Србија освои бронза на ЕП во Португалија.

Тој досега беше член на тимот на Обилиќ, со кој играше во плеј-аутот минатата сезона и беше меѓу најдобрите стрелци. Претходно има настапувано и за Студентски град,

Шмигиќ е шесто засилување за Црвена Ѕвезда предводена од Ратко Ѓурковиќ, по голманот Никола Периќ од Динамо Панчево, десниот бек Милош Бујишиќ, туниското десно крило Рамзи Мајдуб, израелскиот десен бек Ротем Сегал и пивотот Бранко Канкараш.