Ончев е херојот на Тримо – му донесе триумф над Марибор

Тимот на Тримо Требње, каде што настапува македонскиот интернационалец Тоше Ончев, продолжува во победнички ритам во Словенија.

Избраниците на Урош Зорман славеа на гости кај незгодниот Марибор со 26-31, откако и на полувремето имаа предност од шест гола, 12-18.

Ончев беше МВП на натпреварот откако успеа да постигне девет погодоци во мрежата на домашните, од кои 4 беа од седмерец без промашување.

Тримо сега има четири победи од четири меча, а шанса за продолжување на серијата ќе има следното коло кога игра дома со Шмартно.