„Она што не успеав со ЖРК Вардар, се надевам ќе го сторам со ЦСКА“

Репрезентативното крило Сара Ристовска, по пауза од три години, сезонава одново се враќа на Ф4 во Будимпешта во Лигата на шампионите. Можеби не успеја со ЖРК Вардар да стигне до кровот на Европа, но сега има нова шанса, со дебитантот во „Ласло Пап“, руска ЦСКА Москва, да го стори тоа.

Таа вели дека сонува за такво нешто.

„Вистина е, сега имам нова шанса, со ЦСКА Москва (се смее). Конкуренцијата е силна, тоа е вистина, но според мене на Ф4 победува срцето и менталитетот. Тоа е клучот за титулата во Лигата на шампионите. Сега најголема желба ми е да ја освојам европската титула со ЦСКА Москва. Претходно во четвртфиналето против ЧСМ кога игравме во Букурешт им зборував на девојките дека тоа е за нас големото финале, но сега доаѓа она главното.“

Интервјуто со Ристовска прочитајте го подолу…

ИНТЕРВЈУ САРА РИСТОВСКА: Верувам во мојата генерација! Ние сами си ја градиме шансата и иднината!