Ол-стар тим во ЛШ: Доминација на Ландин и Гомес, најдобар тренер е Душебаев (ФОТО)

Европската ракометна федерација денеска го објави ол-стар тимот на сезоната во Лигата на шампионите.

Двајца ракометари третпат по ред се наоѓаат во ол-стар тимот. Голманот Никлас Ландин беше најдобар и во претходните две сезони, додека десното крило Алеиш Гомес беше најдобро десно крило 2020/21, а најдобар млад играч во 2019/20.

За најдобар тренер е прогласен Талант Душебаев, додека најдобар млад играч е Тобијас Грендал од Елверум.

Во ол-стар тимот, Кил, Барса и Веспрем имаат по двајца претставници, додека од Келце, Фленсбург, ПСЖ и Елверум има по еден.