Од автобус на тренинг – Стојменов и Стојановски му се приклучија на Вардар

Македонскиот шампион Вардар вчера ги започна подготовките за новата сезона во која ќе има домашни предизвици и меѓународни во регионалната СЕХА лига.

Меѓу познатите лица од минатата сезона, на тимот му се приклучија и двајца ракометари од младинската екипа.

Станува збор за пивотот Александар Стојменов и левото крило Марио Стојановски, кои беа дел од репрезентацијата на Македонија што играше на ЕХФ шампионатот во Варна.

Тие вчера се вратија од источниот сосед и веднаш се приклучија на тренинзите на „црвено-црниот“ тим. Ќе имаат можност да ги покажат квалитетите и да се борат за место во составот на Владо Недановски.

Вардар цело време ќе тренира во Скопје пред настапот на Струшкиот турнир и четвртфиналниот меч со Нексе во СЕХА лигата.