Одредени термините за балканскиот двобој меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе во Лига Европа

Откако беа потврдени термините за Лигата на шампионите, ЕХФ ги потврди и термините за осминафиналето во Лигата на Европа.

Во осминафиналето од Лигата на Европа учесник е македонскиот претставник Еурофарм Пелистер кој групата ја помина како второпласиран. Противник во осминафиналето на пелистерци ќе биде тимот на Нексе.

Првиот натпревар битолскиот состав го игра во Нашице на 29. март, додека реваншот е закажан за 5. април во Битола. Двата натпревари се играат во терминот од 18:45 часот.

Доколку битолчани го елиминираат незгодниот ривал, тогаш во четвртфиналниот двобој ќе ги чека победникот од дуелот меѓу Бидасоа од Шпанија и ГОГ Гудме од Данска.