Одложен рестартот на машката Суперлига!

Суперлигашки ракомет, најверојатно, ќе се игра повторно од 21 октомври, иако претходно беше најавено дека групата А ќе започне да се игра од 14 октомври. Ракометната федерација на Македонија ги извести клубовите дека планот за продолжување на натпревари би требало да се реализира за десетина дена.

Натпреварувањето во групата А беше прекинато пред скоро еден месец, додека групата Б престана да се игра пред три недели.

Групата А треба да започне со натпревари на 21 октомври со третото коло, а ќе има отстапка за следните кола кои нема да се играат петок и понеделник и ќе бидат во забрзан ритам. До стартот на ЕХФ неделата ќе се игра уште на 23, 25, 28 и 30 октомври, со што ќе биде заокружен првиот круг од Суперлигата.

Тимовите од групата Б ќе стартуваат со натпревари од петтото коло на 22 октомври. До краjoт на месецот ќе има натпревари на 25 и 29 октоври, а на 17 октомври би требало да биде одиграни заостанатиот натпревар меѓу Металург и Работнички

По ЕХФ неделата, коja e од 2 до 8 ноември, ќе биде познато дали ќе се одиграат уште седум кола.