Одлична вечер за Овче Поле, убедливо до втора победа

Составот на Овче Поле СУ го искористи домашниот терен против тимот на Ѓорче Петров и го совлада со 32:18 со што дојде до вториот триумф сезонава.

Победникот на оваа средба беше одлучен уште во првото полувреме. Домашните имаа целосна контрола на играта и тоа влијаеше за да се дојде до посакуваниот резултат односно да се дојде до предност од осум гола.

Откако во првиот дел беше 16:8 во корист на ракометарките од Свети Николе во продолжение беше многу полесно, па немаше никаков проблем за да се остане во висока предност и да се дојде до висока победа.

Конечните 32:18 се доказ дека на овој дуел гостинките немаа шанси за нешто повеќе така што на крајот беше прашање само разликата со која ќе се дојде до победа.

Инаку, ова беше втора победа за Овче Поле СУ, додека тимот на Ѓорче Петров уште е без бодови.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ               32:18 (16:8)

Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Војо Христовски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Младеновска Кузмановска, Јовановска 1, Стоилова, Вучевска 6, Сентовска 3, Манева 6, Конева 1, Ефремова, Велковска 4, Костова 8, Стојанова, Мицевска, Павловска, Гигова 3, Ташкова, Маркова.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 8 мин.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Блажевска, Велкова, Неделковска 1, Кежаровска 1, Јовановска, Несторовска 3, Хасаноска, Маринчов 7, Крстевска 1, Лозановска, Галачева, Цветановска 5.

Седмерци: 5/8, Исклучувања: 10 мин.