Одигра без грешка: Ризоска е МВП на мечот со Хрватска (ФОТО)

Женската младинска репрезентација на Македонија конечно се израдува на триумф на Европското првенство во Романија.

Младинките на Македонија на последниот дуел триумфираа против Хрватска со 31:26.

Ракометарките на Јулијана Дамчевска со победата над Хрватска го избегнаа последното место и завршија на 15. позиција.

Одлична партија во денешниот дуел имаше ракометарката на Ѓорче Петров, Емилијана Ризоска.

Битолчанката одигра без грешка, постигна девет погодоци од исто толку обиди, запиша и неколку асистенции кон своите соиграчки, гинеше во одбраната и на крајот од мечот заслужено го доби признанието за МВП.

 

Македонските младинки со победа го завршија настапот на ЕП