Одбра фудбал пред ракомет и сега е на Европско првенство

Репрезентативецот на Русија во фудбал и играч на Рубин, Денис Макаров е дел од својата селекција на актуелното Европско првенство, но тој во детството се занимавал со повеќе спортови.

Во родниот град Тољати, кој може да се каже дека е хокеарски град, Макаров започнал да тренира ракомет, исто така играл и хокеј и фудбал. Сепак не можел да продолжи со сите спортови и морал да одбере помеѓу ракомет и фудбал бидејќи тренинзите се поклопувале.

Сепак љубовта на Макаров кон фудбалот пресудила, што во продолжението на кариерата се покажа дека одлуката била вистинска како што потврдија и неговите родители во разговор за „Мач ТВ“.

Русија првенството го започна против Белгија со пораз, а во второто коло ја победи Финска. Во последнот дуел од групната фаза, Русија ќе се соочи со Данска и ќе се бори за место во осминафиналето.