Одбрано друштво – Само Вардар, Барса и Кил по два пати ја освоиле ЛШ во последните десет години

Вчера беше спуштена завесата во европските купови, откако заврши Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Нов европски првак е тимот на Барселона, која во финалето славеше над данскиот Алборг со убедливи 36-23.

Во последните десет години, само три екипи успеале по два пати да ја освојат титулата во ЛШ, но ниту една од нив не ја одбранила.

Тоа се Барселона, која славеше во 2015 и 2021 година, Кил освојуваше титули во 2012 и 2020, додека Вардар беше најдобар во 2017 и 2019 година.

2012 – Кил
2013 – Хамбург
2014 – Фленсбург
2015 – Барселона
2016 – Келце
2017 – Вардар
2018 – Монпелје
2019 – Вардар
2020 – Кил
2021 – Барселона