Овче Поле СУ преку Астибо до прв триумф во плеј-аутот

Ракометарките на Овче Поле СУ ја остварија првата победа во плеј-аутот од Женската лига. Во второто коло тимот од Свети Николе беше подобар од Астибо на домашен терен со 29:21.

Овче Поле СУ до победата стигна со подобра игра од противникот во текот на целиот натпревар. Гостинките отворија со 2:0, но потоа сè беше во знакот на домашната екипа. До полувреме Овче Поле СУ обезбеди солидна предност и водеше 15:10.

Почетокот на вториот дел го одлучи победникот на овој натпревар. Тимот од Свети Николе со серија од 5:1 направи недостижна предност и до крај на дуелот немаше проблеми да оствари победа.

Најефикасни со по шест гола во тимот на Овче Поле СУ беа Елена Вучевска и Анастасија Сентовска, а пет гола постигна Наталија Манева. Залудни беа 13 гола на Марија Анчева, и покрај тоа нејзиниот тим не успеа да излезе со поволен резултат од овој дуел.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА, ПЛЕЈ-АУТ – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ШАМПИОН1071222
2СКОПЈЕ1061319
3ДЕСПИНА960318
4АСТИБО951316
5ГЕВГЕЛИЈА1050515
6СПАРТАК92167