Овче Поле СУ во победничка серија, славеше и против Шампион

Ракометарките на Овче Поле СУ остварија нова победа во плеј-аутот во Женската лига и на домашен терен јасовладаа екипата на Шампион со 26:17 во натпревар од 7. коло.

Овче После СУ отвори со 3:0, но Шампион веднаш возврати со иста серија и израмни. Следуваше нов добар период на домашниот тим и нова предност која успеа да ја сочува до крај на првиот дел и на одмор заминаа со водство од 13:10.

Во продолжението Шампион немаше сили да извлече поволен резултат. Овче Поле СУ сигуно го водеше натпреварот кон триумф. Во завршницата на мечот гостите не успеаја да постигнат гол подолг период што го искористи домашниот тим да стигне до висока и убедлива победа.

Предводничка до победата на Овче Поле СУ беше Диана Димова со девет погодоци, додека по четири гола постигнаа Елена Вучевска и Јована Конева. Во екипата на Шампион најпрецизна беше Нина Неделковска со осум гола.