Овче Поле го победи Шампион и го „скокна“ на табелата

Ракометарките на Овче Поле дојдоа до нова победа овој пат на гостувањето кај Шампион со 29:28. Ова им е четврта победа во оваа сезона со која направија скок од едно место на табелата и најавија уште подобри резултати во продолжение од сезоната.

Денеска гостинките од Свети Николе успеаја да наметнат свое темпо од стартот, а преку Анчева и Вучевска најчесто го наоѓаа патот до голот на домашните од Скопје. Предноста беше постојана во корист на гостинките кои во првите 30 минути стигнаа и до плус четири гола разлика.

На одмор беше 13:10 во корист на Овче Поле, а потоа во продолжението имаше големо надигрување. И двете екипи имаа свои шанси и се бореа за бодовите, но на крајот Марија Анчева со гол во последните моменти од средбата пресуди за триумф од 29:28.

Со ова Овче Поле дојде до три бода и сега е на 9. позиција со три бода предност во однос на десеттопласираниот Шампион. Пред Овче Поле се Гевгелија и Спартак кои се со мала предност така што ќе има доста битка во продолжение од сезоната.

ШАМПИОН – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ     28:29 (10:13)

Сала: „Методија Андонов Ченто“ во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

ШАМПИОН: Велковска, Георгиевска 7, Петровска 2, Богоевска, Димитриевска 4, Петровска 2, Бадаровска, Неделковска 5, Богоевска, Стојановиќ, Јовановска 3, Бојковска, Петровска 3, Ристевска, Филипова 2.

Седмерци: 8/9, Исклучувања: 8 мин.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Младеновска Кузмановска, Јовановска, Анчева 9, Вучевска 8, Сентовска 2, Манева 4, Конева 3, Костова 1, Е. Стојанова, Павловска 2, Гигова, Ташкова, Д. Стојанова, Стоилова, Димчева.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 16 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207