Обрван: Одлучуваа нијанси, во нервозна завршница останавме без бод

Вардар денес забележа важна победа против Загреб во Скопје со која си ги зголеми шансите за пласман во следната фаза.

Тренерот Ивица Обрван смета дека натпреварот го одлучиле нијанси и дека можеби најреално ќе беше да заврши реми

„Пред се честитки до Вардар, знаев дека ќе биде ова тежок натпревар. Не беше ова квалитетен ракомет, ни видовме голема борба. Можеби бод ќе ни значеше многу, одлучија нијанси имавме напад на крајот. Во една нервозна завршница останавме без бодот по кој дојдовме. Секако очекував Вардар да помине во следната фаза без разлика како завршеше овој натпревар. Уште еднаш им честитам на победата“, изјави тренерот на Загреб Ивица Обрван.

Следен предизвик за хрватскиот првак ќе биде домашниот натпревар со Кил, а потоа ги чека и гостински дуел со Алборг.